сабота, 27 јули 2024

Астон Вила го награди Емери со нов петгодишен договор

Унаи Емери стави потпис на нов долгорочен договор со Астон Вила иако минатиот месец го продолжи претходниот договор.

Објавено на

часот

Сподели

Сега Емери потпиша договор до јуни 2029 година, што значи дека и во наредните пет сезони ќе биде тренер на англискиот тим.

„Многу сум среќен што го преземам овој чекор и одговорност да го водам овој клуб. Откако дојдов во Вила најдов одлично опкружување и проект со највисоки амбии. Има одлична хемија во Астон Вила и одлична поддршка од фановите која ме пави да се чувствувам како дома. Навистина со возбуда го продолжуваме овој пат без граници во нашите соништа“, рече Емери.

Емери ја предводеше Астон Вила до пласман во Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ