четврток, 12 декември 2024

Асошиејтед прес: Нетанјаху сака да ги протера Палестинците од северот на Газа, а останатите да ги прегладни

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има план за блокирање на хуманитарната помош во северна Газа во обид за изгладнување на милитантите на Хамас, што, ако го спроведе, може да зароби стотици илјади Палестинци кои не сакаат или не можат да ги напуштат своите домови, пишува Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Планот кој во израелскиот парламент го предложила група пензионирани генерали би го зголемил притисокот давајќи има на Палестинците само една недела да ја напуштат северната третина од Појасот Газа, вклучувајќи го градот Газа, пред целото подрачје да се прогласи за воена зона.

Оние кои ќе останат би се сметале за милитанти, што, според воените правила, би им овозможило на израелските трупи непречено да ги напаѓаат и да им ускратат храна, лекови и гориво, според примерокот од планот во кој имале увид АП. Израел тврди дека тоа е единствениот начин да се скрши Хамас на северот и да се присили да ги ослободи преостанатите заложници.

Планот предвидува Израел да ја задржи контролата над северниот дел на неодредено време, за да се обиде да создаде нова управа без Хамас, со што Појасот Газа би бил поделен на два дела.

Не е донесена конечна одлука за спроведувањето на таканаречениот План на генералите, а не е јасно колку сериозно се разгледува планот.

Еден функционер на израелската влада запознаен со планот кажал за АП дека делови од планот веќе се спроведуваат, без наведување детали. Друг извор од Израел кажал дека Нетанјаху „го прочитал и проучил“ планот, „како и многу други планови доставени во текот на војната“, без да наведе дали нешто од тоа е прифатено.

Групите за заштита на човековите права истакнуваат дека планот ќе ги изгладни цивилите и дека е спротивен на меѓународното право, кое забранува користење на храната како оружје и присилни преместувања. Обвинувањата дека Израел намерно ја ограничува храната во Газа се клучни за тужбата за геноцид против Израел во Меѓународниот суд на правдата.

Коалиција израелски невладини организација денес ја повика меѓународната заедница на дејствување, истакнува дека „постојат алармантни знаци дека израелската војска почнува да го спроведува планот“.

„Државите имаат обврска да ги спречат злосторствата на изгладнување и присилно преместување. Продолжувањето на пристапот „чекај и види“ ќе му овозможи на Израел да ја ликвидира северна Газа“, порачаа тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ