четврток, 30 мај 2024

Асошиејтед прес: Кина нема да ѝ сврти грб на Русија за да ја прифати Европа

Малку е веројатно дека европските лидери ќе го натераат Пекинг да прекине со поддршката на Москва во конфликтот во Украина, бидејќи Русија и Кина се трудат да го сменат постоечкиот светски поредок кој го предводат САД, пишува Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европската Унија бара Кина да направи две отстапки, односно да ја намали „трговската нерамнотежа“ и да ја смени својата „релативно проруска позиција“ во украинскиот конфликт, но очигледно е дека не се помрднува во ниедна од тие две насоки, пишува американската агенција.

АП потсетува дека поголем број ЕУ лидери во последно време го повикаа Пекинг да изврши притисок врз Москва, вклучувајќи го и неодамнешното патување на германскиот канцелар Олаф Шолц во Кина. Меѓутоа, нивните барања главно се игнорираат, бидејќи, за разлика од Западот, Кина не ја обвинува Русија и повторува дека секое мирно решение на украинскиот конфликт мора да ги земе предвид интересите на Русија.

Како што наведува агенцијата, Европа смета дека Кина, сепак, може да се убеди со странските инвестиции, но и затоа што Пекинг вложува напори да ги подобри односите со Брисел и Вашингтон.

Меѓутоа, овие фактори не ги надминуваат сеопфатните стратегиски причини поради кои Кина е блиска со Русија, пишува американската агенција и истакнува дека Пекинг бара алтернатива на светскиот поредок предводен од САД и ги промовира своите компании, обидувајќи се да стане лидер во зелените технологии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ