сабота, 27 јули 2024

Асошиејтед прес: Бајденовата администрација дефинитивно ѝ испраќа на Украина касетни бомби

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката е донесена и покрај широко распространетата загриженост дека од тие бомби страдаат цивилите, поради што Обединетите нации ги повикаа и Русија и Украина да ја избегнуваат нивната употреба.

Пентагон тврди дека за Украина ќе обезбеди касетни бомби со намалена „стапка на расипување“, што значи помалку неексплодирани, расфрлани „бомбички“ кои доведуваат до ненамерни убиства на цивили.

Американските власти вчера најавија дека воената помош за Украина ќе биде објавена денес.

Оружјето ќе биде обезбедено од залихите на Пентагон и ќе вклучува оклопни возила Бредли и страјкер и разна муниција, како ракети за хаубици и системите ХИМАРС.

Долго барани од страна на Киев, касетните бомби се оружје кое се распрснува во воздух, ослободувајќи помали парчиња муниција или „бомбички“. Тие се расфрлаат по големо подрачје и се наменети за уништување повеќе цели одеднаш.

Киев ова оружје го бара за да се обиде да ги пробие руските одбранбени линии во тековната офанзива.

Според американските власти, руските сили веќе користат касетна муниција на бојното поле и во населените цивилни подрачја.

Според Црвениот крст, некои касетни бомби имаат само до 40 отсто успешност, односно повеќето бомбички не експлодираат, а американските функционери тврдат дека Украина ќе добие касетни бомби кои се неуспешни само во три отсто од случаите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ