Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на овој саем не само што ја зацврстува својата позиција на бугарскиот пазар, туку создава простор за отворање потенцијални нови пазари и нови пласмани.
„Саемите се еден од најдобрите модели за меѓусебно поврзување на економиите, тие се платформата за постигнување одржливост на системите за храна. Интерфуд & дринк е многу популарен меѓу стручната јавност, а тоа што секоја година се надградува, придонесува за растечкиот интерес секоја година кај бугарските и странски компании, деловни делегации, трговски мисии и колективни странски учества. И тоа со причина затоа што овој саем е препорачана средина за размена на искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Производите на Витаминка на овој пазар и за локалните компании се познати, меѓутоа токму растечката димензија на саемот и привлекувањето се поголем број изложувачи е нашиот таргет“, истакна Александар Ѓуроски, шеф во извоз.
Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати Интерфуд & дринк е познат по тоа што претставува погодна средина за споделување искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Освен од домашните компании, посетен е од голем број странски компании, дистрибутери, продажни ланци, деловни делегации, трговски друштва и слично.
Комерцијален текст