четврток, 26 декември 2024
Незадоволство пред Собранието на Македонија

АСОМ: Ќе види Владата што се вистински протести ако се донесе нов закон за игри на среќа

Масовен отпор и протести со какви што не се соочила Владата доколку се донесе спорниот закон за игри на среќа“, порачаа денеса од пред Собрането на Македонја од Асоцијацијата за спортски обложувалници (АСОМ) кои заедно со дел од вработените во објектите за игри на среќа одржаа предупредувачки собир. Кажаа дека повторно и без најава се прават обиди пред пратениците да се стави на гласање овој закон.

Објавено на

часот

Сподели

Од собирот беше упатена пораката дека Владата продолжува насила да го носи законот иако, како што беше нагласено, во изминатите месеци во медиумите се пишуваше за скандали поврзани со овој закон и сомнежи за политички влијанија и бизнис интереси.

Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски потенцира дека ставањето на законот на дневен ред е токму пред годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието, иако тој, како што рече, се спротивстави на неговото носење, како што се изјаснија, додаде Илјевски, и претставниците на ЕУ, вработените во секторот, здраворазмните јавни личности и експерти кои ги согледуваат негативните последици од овој закон.

Илијевски рече и дека она што го прави власта е целосно спротивно на здравиот разум.

„Додека Владата се обидува да наметне рестриктивен и нелогичен закон за лиценцираните приредувачи, тајно и на мала врата самата отвора нови бизниси и онлјан платформи со странски партнери, за кои пристигнаа информации во медиумите дека компании од соседна Бугарија се заортачиле со Владата. Кога ќе се поврзат сите овие случувања, повеќе од јасно е дека овој закон не е ништо друго туку обид да преземе пазарот на игри на среќа и целосно да биде контролиран од малкумина“, рече претседателот на АСОМ.

х

Тој ги повтори пораките и дека доколку биде донесен овој неевропски, неуставен и монополски закон, повеќе од 10.000 вработени ќе бидат директно засегнати за своите работни места, со што ќе се предизвика затворање на легална индустрија, а пак ќе се отвори широка врата на сивата економија и криминалот, како што се случи во државите од регионот кои се одлучија за рестриктивни закони.

„Нашите вработени ќе бидат најголемата опозиција на следните избори доколку се продолжи со ова политичко насилство“, потенцира Илијевски.

Истата порака ја упати и претставникот на АПИС, Горан Стоименов, кој во својата изјава пред медиумите го посочи примерот со Албанија, каде сличниот ваков закон беше укинат.

„Не случајно во Албанија, тамошната Влада се откажа од четиригодишната забрана за игри на среќа поради отворање на диви играчници и удар врз нивната економија. Нема држава во која се спровеле радикални чекори за затворање на легалните објекти за игри на среќа кои по автоматизам не предизвикале отворање игри на црно“, рече Стоименов.

Пред Собранието, претседателот на АСОМ Васко Илијевски нагласи и дека овој предлог закон е направен со низа, како што рече, небулози спротивни на пазарната логика, без соодветна анализа, истражување и користење на факти и аргументи, а пак Владата и институциите во ниту еден момент не ги консултирале легитимните претставници на 95% од лиценцираните компании во државата.

„Владата тенденциозно одбегнува дебата преку злоупотреба на европското знаменце, а извештајот на ЕУ кој го доби државата неодамна точно нотира дека се злоупотребува европското знаменце“, порача Илијевски.

На крајот Илијевски упати порака до граѓаните.

„Ние како компании работиме одговорно и чесно, вработуваме ваши пријатели, роднини и блиски. Одговорно тврдиме дека ова што Владата го прави е спротивно на тоа да ги регулира игрите на среќа“, рече тој, додавајќи дека овој пат од Асоцијацијата нема да молат, туку директно ќе се заканат со масовен отпор и протести со какви што не се соочила Владата досега.

„Денешниот собир е симболичен приказ за нашиот став во однос на предлог Законот за игри на среќа, доколку нашите апели не се слушнат подготвени сме на масовни протести и сериозна борба со цел да го спречиме донесувањето на овој закон“, порача Илијевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ