сабота, 27 јули 2024

АСОМ до Владата: Додека перфидно носите неевропски закон под маса отворате нови компании за игри на среќа

Нечесно, подмолно и лицемерно е тоа што Влада додека под маса со европско знаменце и без дебата се обидува да се донесе новиот Закон за игри на среќа, паралелно распишува незаконски огласи за 3 нови приредувачи на игри на среќа на интернет со улови скроени за странски компании, посочија од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија денеска пред Собранието на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека од една страна се носи закон за затварање на индустријата и уништување на домашните лиценцирани компании, Владата се ќе се ортачи со странски компании кои ќе имаат по еден или два вработени тука и на големо ќе ги промовира игрите на среќа на интернет. Има ли поголемо лицемерие од ова? Освен бизнис логика, друга логика во овој потег не може да се види. И токму затоа јасно кажуваме – ова нема да помине.“- истакна Васко Илијевски претседател на АСОМ.

На настанот во организација на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија- АСОМ и Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина – АПИС, асоцијациите, во придружба на дел од своите вработени пред Собранието на РСМ испратија порака до пратениците од Комисијата за европски прашања да го отфрлат предлог Законот за игри на среќа кој ќе значи крај за легалната индустрија на игри на среќа и ќе и отвори широко врата на сивата економија и криминалот.

„Овој закон не е ништо друго освен директна интервенција на државата со која повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректни работници ќе останат без приход и работа. Секој еден од овие луѓе кои ни се придружија денес директно ќе бидат погодени со губење на работното место ако се донесе овој неевропски, неуставен и монополски закон. Луѓето плаќаат кредити, голем дел од нив се родители кои ја планираат иднината на своите деца, сите тие се луѓе кои ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза. “-истакна Васко Илијевски претседател на АСОМ.

Двете асоцијации апелираа до пратениците и Владата да ги сфатат многу сериозно и потенцираа дека апсолутно се неприфатливи предлог измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на Интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците.

АСОМ и АПИС порачаа дека нивниот собир е симболичен приказ за нивниот став во однос на предлог Законот за игри на среќа, и посочија дека доколку нивните апели не се слушнат подготвени се на масовни протести и сериозна борба со цел да го спречат донесувањето на штетниот предлог Закон за игри на среќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ