петок, 17 мај 2024

Автомобилското осигурување не треба е со зголемени цени, смета АСО

Целосно е неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според АСО, која е регулатор на пазарот на осигурување, зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците.

„Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување“, информира Агенцијата.

Во дописот до медумите, АСО наведува дека „ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност“.

До надлежната комисија при Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување доставила анализаво која се содржани клучните аргументи против зголемување на цената на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ