сабота, 27 јули 2024
Серија А

Асистенција на Елмас во 93. минута за победа на Наполи во дербито со Јувентус (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дербито меѓу Јувентус и Наполи имаше одлична завршница која почна во 70. минута кога Виктор Осимен ја погоди стативата од голот на Јувентус.

Во 83. минута Анхел Ди Марија постигна гол, но ВАР му го поништи поради прекршок.

Се очекуваше дека мечот ќе заврши без голови, а тогаш, во 93. минута Елмас нафрли, Распадори со фантастичен гол со волеј погоди за победа на Наполи од 1-0.

На седум кола до крајот Наполи има 17 бодови предност пред Лацио, што значи дека има варијанта и во следното коло да ја заверат шампионската титула.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ