сабота, 21 декември 2024

Асанж следната недела ќе дознае дали ќе биде екстрадиран во САД

Австралискиот новинар Џулијан Асанж за само неколку дена ќе дознае дали ги исцрпил сите правни алатки во борбата против екстрадиција во Соединетите Американски Држави, каде може да го мине остатокот од животот во затвор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Асанж го чека дводневно сослушување во Британија во вторник и среда, а како што е кажано на состанокот организиран од Здружението на странски дописници, тоа воедно ќе биде последната прилика за основачот на Викиликс да ја оспори одлуката на поранешната министерка за внатрешни работи Прити Пател која го одобри налогот за екстрадиција.

„Ситуацијата е исклучително сериозна. Џулијан би можел да се најде во авион за Соединетите Држави за неколку дена. Тоа е последното рочиште, ако не биде во корист на Џулијан, нема можност за жалба до врховен суд или на која било друга адреса во оваа јурисдикција“, кажа сопругата на Асанж Стела.

На Асанж сè уште не му е одобрено барањето на сослушувањето да присуствува лично, за да може да комуницира со своите адвокати, кажа неговата сопруга. На претходните рочишта ја гледаше постапката преку видео линк.

Адвокатите на Асанж ќе се обидат да го убедат судот дека екстрадиција и казна за нивниот клиент се бара поради неговите политички ставови, со што се крши Европската конвенција за човекови права, вклучувајќи го неговото право на слобода на говор. Тие го обновуваат барањето за прифаќање на новите докази за плановите на ЦИА да го киднапира и ликвидира Асанж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ