Изминатово лето, Микел Артета во неколку наврати беше запрашан за неговата иднина, а тој постојано нагласуваше дека приоритет е ангажманот на засилувања, за неговата иднина ќе се разговара откако ќе заврши трансфер пазарот.
Стратегот остана доследен на дадениот збор и две недели по крајот на преодниот рок, стави потпис на нов тригодишен договор со Арсенал.
„Многу сум горд и возбуден, со нетрпение го чекам она што ќе следува“ – вели Микел Артета.
„Задоволен сум од односот кој го имам со сите во клубот. Имам среќа секој ден да соработувам со квалитетни и амбициозни луѓе“.
„Се чувствувам инспирирано, чувствувам дека работата ми е предизвик, ја чувствувам поддршката на сите, па сакам да донесам уште поголеми постигнувања од тие до сега“.
„Зеадно со играчите и сите останати во клубот сакаме да донесеме успех“.