петок, 18 октомври 2024
Тренерот на Арсенал е разочаран само од резултатот

Артета по новиот кикс: Ги сакам моите играчи повеќе од било кога, беше уживање да ги гледам

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал синоќа киксна против Саутемптон, одигра 3-3, испушти два бода и ја отвори вратата за Манчестер Сити да го превземе врвот на табелата.

„Очигледно е дека не сум среќен со резултатот, одново сами си ја отежнавме работата, но грешките се дел од фудбалот. Но начинот на кој реагиравме, ги сакам моите играчи повеќе од било кога“ – вели Микел Аретета.

„Беше неверојатно, бевме на добар пат да се вратиме во натпреварот но одново примивме еден несмасен гол. Сепак, на крајот требаше да победиме. Креиравме доволно шанси за да ги освоиме трите бода, но тоа не се случи и сме разочарани“.

„Не можете да примите три гола и да сакате да победите“.

Тренерот на Арсенал потоа додаде: „Но овој млад тим имаше неверојатна реакција, иако шансите за победа беа мали, покажаа неверојатен борбен дух, креираа прилики и не се откажаа до самиот крај, беше задоволство да ги гледам. Пораката е јасна, ги обожавам!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ