Груби притоа сподели и графикон со објаснувања на албански јазик од која се гледа дека ДУИ има највисок рејтинб во однос на другите партии на Албанците.
Инаку, според резултатите од анкетата, ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на таа партија Христијан Мицкоски ја зголемиле разликата во однос на позициите на владејачката СДСМ, a се гледа и раст на Левица.
Сепак, тоа што многу кажува за расположението на граѓаните кон политичките партии и лидери е податокот дека 43 отсто од анкетираните граѓани а прашањето „за која партија ќе гласате на наредните избори“ одговориле дека нема да гласаат, дека не знаат за кого ќе гласаат или дека ќе го поништат ливчето.