четврток, 9 јануари 2025

Артан Груби не доаѓа на работа, ќе остане без работното место на Тетовскиот универзитет

Во Тетовскиот универзитет почната е постапка за разрешување на доцентот Артан Груби од факултетот за новинарство, откако тој не се појавил на работното место без да даде објаснување, изјави деканот Сефет Емрули за ТВ Алсат.

Објавено на

часот

Сподели

„Од минатата недела не е на факултетот што е непочитување на обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Почнавме постапка со соодветни мерки. Наското ќе ја објавиме конечната одлука како универзитет“, изјави Емрули.

Според законот, отказ на работното место следува по неколкудневното отсуство на професор без да даде појаснување.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и понатаму е недостапен за правосудните органи на Македонија. Тој е во бегство од 15 декември минатата година. Обвинителството не дава информации дали е лоцирана локацијата на Груби. Се претпоставува дека тој е избеган во Албанија.

Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети од 9 декември се на црната листа на САД поради нивна вмешаност во значителна корупција и влијание врз судски органи. Во Македонија против него има кривична пријава за проневера на пари во Државна лотарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ