четврток, 26 декември 2024

Арсоски од ЗНАМ: Максим Димитриевски ќе влезе во вториот криг и има шанси за победа

Максим Димитриевски не само што ќе учествува на претседателските избори, туку тој е човек којшто ширум Македонија, а ние сме постојано присутни низ градовите и селата, е апсолутно прифатлив и посакуван за иден претседател на Македонија. Toj не само што ќе влезе во вториот круг на претседателските избори, туку има шанси и да победи, изјави Павле Арсоски, потпретседател на движење ЗНАМ во „Само вистина“ на Канал 5.

Објавено на

часот

Сподели

„Максим Димитриевски е познат во јавноста и по тоа што не само што има искуство на државна сцена во политиката како член на Собранието и претседател на Комисијата за безбедност и одбрана, тој исто така е познат и по тоа што имал морална храброст да се спротивстави на сопственото раководство, тогашното СДСМ, кога СДСМ беше во зенитот на својата моќ, поради идеолошки принципиелни ставови. Tоа беше после она несреќно интервју на Зоран Заев за БГНЕС, па договорот за добрососедство со Бугарија. Максим Димитриевски имаше и морална храброст и цврстина и убеденост дека може да оди наспроти овие текови. Ние од Движењето ЗНАМ мислиме, но слушајќи ги и граѓаните, дека тој има сериозни шанси да влезе во втор круг. Тој се докажал не само на државно, туку и на локално ниво. Да ве потсетам само дека кога цело СДСМ во зенитот на својата моќ се сврте против него, тој имаше доволно сили да се повика на граѓаните во Куманово, да излезе на избори и со поддршка на граѓаните да победи наспроти силна структура и на СДСМ и на ДУИ и на ВМРО ДПМНЕ“, рече Арсоски.

Тој потсети дека Димитровски се докажа како успешен менаџер на општина Куманов, најголема во Македонија.

„Тој имаше доволно и човечка и политичка ширина да ги повика сите партии во Куманово, противници на изборите, да предложат проекти од нивни програми доколку се изводливи и финансиски реални, остварливи, да ги инкорпорира во општинската програма за работа и да ги реализира и да го доведе Куманово, којашто е најголема општина во Македонија, којашто е Македонија во мало по етничкиот состав, од една тешко задолжена општина во една од најуспешните општини. Значи, човекот се покажа и на државно и на локално ниво. Ние сметаме дека тој ќе има сериозна поддршка од граѓаните и дека ќе влезе во втор круг. Димитриевски ќе влезе во вториот круг на претседателските избори и има шанси да победи“, рече потпреседателот на ЗНАМ Павле Арсоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ