сабота, 27 јули 2024
Градоначалничката со тврдење

Арсовска: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ здружено ќе го менуваат Уставот па прават дефокус кон мене и Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Многу е тешко кога имате две најголеми политички партии кои што имаат само еден заеднички непријател во овој момент. Мое лично мислење е дека тие се фокусираат да прават хаос низ градот Скопје и да не ги гласаат проектите затоа што сакаат да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми во државата, а тоа е како здружено да го сменат Уставот, но тоа е друга тема. Оваа тема е, доколку сакаат да се реализираат, тие треба да гласаат во тој Совет, а јас како знам и умеам ќе ги реализирам сите оние проекти кои што ги имам ветено пред граѓаните“, изјави Арсовска во интервју за ТВ Телма.

На новинарско прашање таа не одговори зошто така бргу се распаднала соработката со ВМРО-ДПМНЕ откако беше поддржана на локалните избори ниту сакаше да го подобјасни обвинувањето срочено низ фразата „фатени со рачињата во медот“.

Ако на 2 милиони луѓе им е јасна метафората, немам што да објаснувам, рече Арсовска која исто така не ја објасни метафората за Мицкоски „рекет број 1“.

Градоначалничката  демантира дека е празна буџетската каса на Град Скопје и изјави дека таквите тврдења се „политичка хајка на коалицијата СДСМ-ДПМНЕ“. Секој ден на сметката на Град Скопје, рече, пристигнуваат средства од давачките што ги плаќаат граѓаните и компаниите и врз основа на сѐ што е активен приход.

„Во подобра кондиција градот никогаш не бил. Имаме финансиска консолидација, нема долгувања, Град Скопје редовно  исплаќа се она што пристигнува како побарувања, што значи не се генерираат нови долгови како оние што ги имаме – милиони и милиони евра заостанати долгувања што ги правеле претходниците па влегувале во судски постапки за сега градот да се обременува со милиони евра на долгови и милиони евра на камати по основ на побарувања од овие судски спорови. Нашиот кредитен рејтинг е потврден со позитивен изглед. Можноста за кредитно задолжување од 1,2 милиони евра сега ни е зголемен меѓу 25 и 30 милиони евра и тоа е континуирано во изминатите 12 месеци“, рече Арсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ