петок, 18 октомври 2024

Арсовска ко-претседава со Заедничкиот комитет меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на регионите

Објавено на

часот

Сподели

Во политиката за проширување на ЕУ, Европскиот комитет на региони има улога директно во рамките на договорите за стабилизација и асоцијација, од каде е назначен Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК). Според тоа, Европскиот комитет на региони има законска должност да ја претставува ЕУ во долгорочна мисија да им помогне на земјите-партнери да се подготват за членство во ЕУ. Локалните власти треба да бидат целосно подготвени за пристапниот процес, бидејќи над 70 проценти од законодавството на ЕУ ќе има влијание токму врз нив, истакна Арсовска
Делегатите и експертите на состанокот дискутираа
за активностите и состојбите околу пристапниот процес на Македонија кон ЕУ и за неопходните вештини на општините во Македонија и размена на најдобри практики.
Заедничкиот консултативен комитет на Европскиот комитет на региони се состанува двапати годишно, еднаш во Брисел за време на годишниот Ден на проширувањето и еднаш во земјата партнер. За да се прослави 2023 година како Европска година на вештини, заедничкиот комитет на Денот на проширувањето е посветен на оваа тема и е организиран во соработка со шведското претседателство со Советот на ЕУ
, соопшти Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ