петок, 11 октомври 2024
Ракција на градоначалничката на Скопје

Арсовска: Јас немам партија, а администрацијата е наполнета од дувлата на здружените СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

Вистината е дека во Градот Скопје до овој момент завршени се преку 100 проекти од програмата „За Модерно Скопје“, а дополнително, не е запрен ниту еден од проектите на претходниот градоначалник, напротив, истите продолжуваат со реализација откако беа отстранети сите неправилности, грешки и девијации кои произлегувале од ноторното непознавање на работењето со градот од страна на Петре Шилегов и СДСМ, кои пак доведуваат до сомнеж за можна корупција при работењето, вели градоначалничката Арсовска.

 

Таа наведува дека проектите за набавка на нови автобуси и еколошки превоз во Советот на Скопје се блокираат здружено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и дека и советниците од двете партии го блокираа и проектот за доделување на субвенции на граѓани за електрични тротинети и велосипеди, со што граѓаните нема да може да земат субвенција за еколошки транспорт.

 

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ решија да не гласаат и за субвенции за граѓаните и такси-превозниците за набавка на електрични и хибридни возила со што директно се влијае на намалувањето на загадувањето и тоа уште во оваа фаза на пилот проект.

Токму со претпријатијата, за кои и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тврдат исто – дека се во наводен хаос – се раководени од управни и надзорни одбори во кои членови се токму припадници на двете политички партии кои функционираат на истиот принцип на блокирање на работењето на претпријатијата со единствена цел, политички маркетинг на грбот на скопјани“, вели градоначалничката.

 

За обвинувањата за партизација на институциите и претпријатијата, Арсовска вели дека одговорноста е кај, како што вели, непринципиелната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

 

„Актуелната градоначалничка на градот Скопје нема своја политичка партија ниту припадност, па оттука не може да ја партизира градската администрација која пак е преполна со припадници на партиските дувла. Македонија, а со тоа и Скопје се заложници на една непринципиелна коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ чија единствена цел е личната корист, лукративните шеми и меѓусебна заштитата од прогон“, се вели во соопштението испратено од Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ