четврток, 23 мај 2024

Арсовска ја обвини Костадиновска Стојчевска за упад во профилот за јавни набавки на Град Скопје

Неовластени лица упаднале во профилот на системот за јавни набавки на Град Скопје и незаконски прикачувале документи со податоци од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и нејзиниот бизнис партнер, фирмата Универзал балкан, за јавна набавка која е трајно завршена и архивирана, обвини денеска на прес конференција градоначалничката на Град Скопје говорејќи за пожарот што ја пеплоса Универзална сала соменвајќи се дека пожарот не е случаен.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Арсовска потенцираше дека Град Скопје не бил известен дека Универзалната сала се гради затоа што, како што рече, Договорот за изведувачот трајно завршил на 12 септември, а на 18 септември Бирото за јавни набавки (БЈН) на својата официјална интернет страница објавило известување дека тој Договор односно јавна набавка е трајно завршена и архивирана.

„По настанатиот пожар и изјавите на министерката за култура дека на објектот на Универзална сала се градело за што Градот како сопственик не е известен, Секторот за јавни набавки при Град Скопје барајќи ја набавката врз основа на која министерката случила договор за јавна набавка за реконструкција, увиде дека е направен упад во профилот на системот за јвни набавки на Градот. Некој сам, неовластено си прикачувал документи од 2024 година кои содржат податоци од министерката за култура и нејзиниот бизнис партнер, фирмата Универзал балкан, за јавна набавка која е трајно завршена и архивирана“, обвини Арсовска.

Таа информираше дека Град Скопје испратил барање до Бирото за јавни набавки за да ги проверат лог системите за да се види кои се тие луѓе кои упаднале во системот за јавни набавки и како го направиле тоа.

„Ова е подривање на правниот поредок и се креира правна несигурност. Со ова било која институција во Македонија треба да знае дека секој може да влезе во нејзиниот профил во системот на јавни набавки и да додава и да одзема документи“, рече Арсовска.

Град Скопје, истакна Арсовска, бара одговори по кој член од Законот за јавни набавки, јавна набавка која минатата 2023 година е трајно завршена, реализирана и архивирана, може повторно да се активира како во овој случај во 2024 година, со неовластено пристапување од страна на друга институција во профилот на Град Скопје. Праша согласно која законска регулатива на профил на договорен орган во системот ЕСЈН на Бирото за јавни набавки при Министерство за финансии, од лица кои немаат овластување, ниту пристап од страна на договорниот орган може да се вметнуваат или бришат документи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ