понеделник, 21 октомври 2024

Арсовска и Јакимовски против ДУП-от на Општина Ѓорче Петров

Без согласнот од Град Скопје, Советот на општина Ѓорче Петров викендов на седница изгласале измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој се драстично зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“, информира денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски побара од претседателот на Советот, Бранко Ристов да свика итна седница на Советот за да се донесе одлука за поведување на постапка пред Уставниот суд за укинување на новиот урбанистички план во Ѓорче Петров.

Објавено на

часот

Сподели

Скопската градоначалничка изјави дека иако морале да побараат мислење од надлежните институции, општината до Министерството за транспорт и врски доставиле барање, од каде на 16 февруари годинава е добиена согласност и во сабота е поминато на Совет на општината. Според Арсовска, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на недвижности, а Град Скопје дале две негативни мислења.

Градот Скопје, како што најави Арсовска, ќе поднесе кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и Весна Андреевска, вработена во Министерството за транспорт и врски.

Од Уставниот суд, пак, ќе побара со времена мерка да ја запре примената. 

Нема да дозволиме покрај овие бетонски зданија и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија како потенцијални  катастрофи да се изградат во општина Ѓорче Петров“, рече Арсовска.

И Јакимовски денеска одржа конференција за медиумите и рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошо е тоа што во него се вцртани три хемиски фабрики кои директно го загрозуваат животот на карпошани, особено на жителите на Влае.

„На криминален начин го донесоа ДУП-от кој се наоѓа во непосредна близина на населбата Влае, односно на границите со Општина Карпош, каде се предвидуваат 30-тина згради кои ќе бидат со по 20 ката, 17-ката, меѓутоа најголемиот проблем е тоа што се предвидени три големи хемиски фабрики и каде што според урбанистичкиот план се наоѓа тешка и незагадувачка индустрија. Проблемот е што овие хемиски фабрики ќе ја загрозуваат Општина Карпош, но во исто време се во близина на бунарите Лепенец и Вардар од каде над 30 % од потребите на Скопје во летните периоди се надоместуваат потребите за вода и од каде што имаме исклучително квалитетна вода за пиење. Јас сум разочаран што ниту иницијативата О2, ниту независните советници од Општина Карпош, ниту претставниците од Левица, ниту претставниците на ВМРО-ДМПНЕ, досега немаат никаква реакција во однос на Урбанистичкиот план кој што го загрозува животот на граѓаните на Општина Карпош, особено на жителите на Влае. Очигледно, јас како градоначалник морам да реагирам и да побарам итна и вонредна седница од претседателот на Советот, од Бранко Ристов кој е член на Левица и кој јавно велеше дека му се може да не се градат и да не се реконструираат ниту куќи во Општина Карпош, а сега немаат ништо што да кажат, без иницијатива за овие облакодери кои ќе се градат во непосредна близина на Влае, како и на овие две фабрики кои би ја загрозувале директно нашата Општина. Барам од претседателот на Советот, да свика итна седница и да донесеме одлука со кој овој Урбанистички план за прв пат, ние како Општина, би побарале поништување на Уставниот суд, бидејќи планот. Таму советниците немале доволно време да го видат овој план, закажана е седницата на 16-ти, а донесен е на 17-ти. Градот Скопје не дал свое мислење кој е надлежен да даде свое мислење кога се работи за фабрики кои треба да се градат, а се во непосредна близина на бунарите Лепенец- Вардар, и што е најважно, граѓаните мора да знаат дека таму над 100.000 метри квадратни, над 10 хектари, ќе се купи земјиште по 70 денари по метар квадратен. Тоа е уште една огромна далавера која што е планирано да се направи, а ќе се однесува на штета на граѓаните на Влае и на Општина Карпош“, изјави градоначалникот Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ