вторник, 22 октомври 2024
Реакција на Град Скопје

Арсовска до Стојановски: Не глуми икебана, туку гласајте ги програмите за работа на јавните претпријатија

Ако Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ сака да биде од корист на скопјани, на следната седница нека гласа за програмите за работа на јавните претпријатија и нека ги заслужи 500 евра паушал кои ги добива секој месец од скопјани за да глуми икебана, реагираат попладнево од Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата се додава и дека министерот за локална самоуправа, Златко Перински не треба да се крие зад Стојановски по вчерашниот дебакл, а апелираат до Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници.

Градот Скопје, велат останува отворен за искрено партнерство со Владата во корист на граѓаните на градот Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ