„Покана за присуство на конвенцијата беше пратена до сите политички партии, што е и досегашна пракса. Да дојдеше и секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ќе седеше во првиот ред“, рече Арсовска.
Таа порача дека во Нова алтернатива ќе има спој на луѓе кои не биле дел од политиката, а со кои планираат да ги соединат искуството и енергијата.
„Ќе се залагаме за правда, правичност, економски просперитет и борба со корупцијата“, рече Арсовска.
Во делот на надлежностите како градоначалничка, Арсовска нагласи дека денеска на прес-конференција веќе информирала дека Град Скопје поднесе кривични пријави во МВР против неколку лица во врска со голема дива депонија во општина Ѓорче Петров каде инспектори од Градот евидентирале вршење на екоцид и посочи оти очекува ограните да постапуваат по пријавата.