вторник, 22 октомври 2024

Арсовска бара Владата да го плати долгот од 8 милиони евра на ЈСП за бесплатниот превоз

Градоначалничката Данела Арсовска на денешната прес-конференција додаде дека на вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски  предложила и план за набавка на нови еколошки автобуси, според кој советниците би формирале комисија за набавка на нови автобуси и би ја спровеле целата набавка.

Објавено на

часот

Сподели

„Предложивме и план за набавка на нови еколошки автобуси и тоа понудивме советниците да формираат комисија за набавка на овие нови автобуси и да ја спроведат целата набавка, јас само да ја потпишам. Ова не е ништо ново, ова е веќе понудено две години по ред на секоја седница, пред секоја седница. Побаравме Владата да си го исплати долгот од 8 милиони евра кон ЈСП за бесплатниот превоз на студентите, којшто од 2021 година наваму не се исплаќа, за што одговорот што го добивме беше дека би исплатиле по ребалансот со повлекување на средствата за изградба на нов булевар во Визбегово, што го сметаме за уцена на штета на граѓаните, а не за партнерски однос и нудење на решенија“, рече Арсовска.

Прашана дали повторно ќе ја побара довербата од скопјани, Арсовска вели дека нема политички аспирации, додека на бројните прашања во врска со нефункционалноста на јавните претпријатија, градоначалничката одговори дека тоа се должи на неизгласување на програмите за работа од страна на Советот.

„Апсолутно не, политички аспирации немам, ниту ќе собирам политички поени. Сакам проектите кои што се во програмата да се реализираат и тоа е едиснтвената цел која што сум ја имала уште од првиот ден. Сметам дека треба да се инсистира на овие луѓе кои што овие програми седум месеци не ги носат, да се обидеме да ги контактирате зошто не ги гласаат. На седницата која што ние побаравме ние да биде вонредна и итна, тие одлучија таа да биде наредната недела, да дојдете и да ги прашате зошто не ги гласаат овие приограми. Ако вие не сметате дека треба да имаме програма за животна средина до септември месец и ако мислите дека од септември до декември проблемот со загадувањето ќе се реши, јас навистина не знам што да кажам“, подвлече градоначалничката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ