сабота, 27 јули 2024
Остра реакција на градоначалничката на Скопје за Универзална сала

Арсовска: Ајде криминалци да видиме како ќе си го покриете делото и срамот

Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради, реагираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со пожарот што ја пеплоса Универзална сала.

Фото: МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Арсовска на својот фејсбук профил напиша дека две години укажувала дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од градот да потпише градба и продолжи било каква реализација.

„Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја преземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци салата мистериозно гори, наместо да се ревидира што правел изведувачот“, напиша Арсовска.

Порача Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините.

„И доколку за истото се детектира дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си покренат соодветни постапки за одговорност. Универзална сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да заташка што правел, за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани за истото од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си го покриете делото и срамот!“, порача Арсовска од својот фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ