понеделник, 21 октомври 2024

Арслан: Не сме дојдени на екскурзија, сакаме Шкупи да победи во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Утре (четврток), Шкупи му гостува на Левски во Софија во ренаш меч од квалификациите од Конференциската лига.

Тренерот Џихад Арслан вели дека фудбалерите на Шкупи ќе го дадат својот максимум на мечот, без разлика на негативата од Скопје.

„Не е лесно да се игра откако ќе го загубите првиот меч на свој терен со 2-0. Но, не дојдовме тука на екскурзија, ќе се бориме, ќе дадеме максимум за Шкупи и за Македонија. Резултатот не е добар, но ќе направиме сè за да ја анулираме негативата“, рече тренерот Арслан на денешната прес-конференција.

„Знаеме дека ќе има пеколна атмосфера. Сме играле и во други земји пред полни стадиони, секогаш е убаво кога се игра пред публика. Жал ми е што нема да имаме наши навивачи. Разбираме дека се случија непријатни работи, тоа не е добро за фудбалот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ