сабота, 27 јули 2024
Фудбалерот е желен за преселба на Емирати

Арсенал врза три порази, па Артета ќе добие засилување од 50 милиони

Арсенал отворил преговори со Евертон за ангажман на Амаду Онана, фудбалерот од средниот ред се проценува на околу 50 милиони фунти.

Објавено на

часот

Сподели

„Топчиите“ имаат пад во формата, само една победа на последните седум натревари и три порази во низа, па паднаа на четвртото место на табелата во Премиерлигата, и беа елиминирани во ФА Купот.

По синоќешниот пораз од Арсенал, Микел Артета беше запрашан за засилувања во зимскиот преоден рок, стратегот одби да даде коментар, но попладнево се појавија гласини за голем трансфер.

Неколку извори пренесоа дека Арсенал отворил преговори со Евертон за Амаду Онана.

Се шпекулира дека 22 годишниот фудбалер од Белгија е желен да се пресели на „Емирати“ и за брзо време може да падне договор.

Амаду Онана се проценува на околу 50 милиони фунти, за неговите услови минатото лето сериозен интерес пројави Манчестер јунајтед, но „ѓаволите“ немаа пари за една ваква зделка и се насочија кон позајмица на Софијан Амрабат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ