сабота, 27 јули 2024

Арсенал водеше, па се спасуваше од пораз против Баерн Минхен (ВИДЕО)

Арсенал и Баерн Минхен одиграа возбудлив натпревар со четири голови кој заврши без победник, патникот меѓу четирите најдобри ќе се решава на Алијанц Арена.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал не успеа да го искористи домашниот терен за да дојде до предност, Баерн во Минхен си оди со реми.

Мечот одлично почна за Арсенал, со гол на Сака уште во 12. минута топчиите поведоа со 1-0.

Но, предноста на домаќините траеше само шест минути кога нивниот поранешен играч, Гнабри изедначи на 1-1.

Во 32. минута се случи комплетен пресврт, Хари Кејн погоди од пенал и му донесе водство на Баерн Минхен од 2-1.

На 15 минути до крајот на мечот по еден одличен потег на Габриел Жесус и асистенција, Тросар погоди за конечни 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ