Сопственикот на „топчиите“, Стен Кронки подготвува рекордно трансфер лето, како што пренесува Тајмс, Микел Артета ќе добие преку 200 милиони фунти за засилувања.
Приоритет на тренерот е ангажман на Деклан Рајс од Вест Хем и Моисес Каиседо од Брајтон, се верува дека ќе бидат потребни околу 170 милиони фунти за двете засилувања.
Микел Артета исто така сака да донесе засилување во нападот и двајца дефанзивци. Очигледно пари за сите овие ќе нема, па Арсенал ќе мора да продава за да прибере дополнителни средства.
Листата со играчи кои можат да заминат е прилично долга и на нема има имиња како Гранит Џака, Киран Тирни, Емил Смит Роу, Фоларин Балогун, Роб Холдинг, Ејнсли Мејтланд Најлс, Алберт Самби Локонга, Нуно Тавареш и Седрик Соареш.