сабота, 27 јули 2024

Арсенал му ја наполни мрежата на Шефилд и постави рекорд во Премиерлигата (ВИДЕО)

Арсенал игра неверојатно во последните натпревари, топчиите денеска славеа на гостувањето кај Шефилд јунајтед со 6-0, од кои дури пет беа во првото полувреме.

Објавено на

часот

Сподели

По само 15 минути игра Арсенал го реши прашањето околу победникот. Одегард даде гол во петтата минута, во 13. минута домаќините сами си ја затресоа мрежата, а две минути подоцна Мартинели погоди за 3-0.

Во 25. минута Хаверц реализираше за 4-0, а пред крајот на полувремето погоди и Рајс за 5-0, резултат со кој се отиде на одморот.

Во вториот дел Арсенал ја тргна педалата од гас, дадоа само уште еден гол преку Вајт за триумф од 6-0.

Арсенал стана првиот клуб во историјата на Премиерлигата кој победил на три гостински меча по ред со 5+ голови.

Покрај денешната победа од 6-0, изминатите две гостувања беа кај Барнли победа од 5-0 и кај Вест Хем со 6-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ