Момците на Артета одиграа неверојатен натпревар и му дадоа дури шест гола на градскиот ривал, Вест Хем.
Сака погоди двапати, по еднаш во првото и второто полувреме, стрелци на голови беа и Салиба, Габриел, Тросар и Рајс.
Значајна победа оствари и Манчестер јунајтед кој со 2-1 славеше на гостувањето кај Астон Вила.
Хојлунд донесе водство во 17. минута, Даглас Луис во 67. минута изедначи на 1-1. На четири минути до крајот Мектоминеј реализираше за победа на Јунајтед од 2-1.