среда, 5 март 2025

Арсенал му даде седум гола на ПСВ во Ајндховен (ВИДЕО)

Арсенал со неверојатни 7-1 славеше на гостувањето кај ПСВ Ајндховен и веќе може да размислува на четвртфиналето, Борусија Дортмунд и Лил одиграа без победник 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

Топчиите си ја завршија работата уште во првиот меч и тоа на гостински терен.

Серијата погодоци ја отвори Тимбер во 18. минута, три минути подоцна Нванери даде гол за 2-0, а во 31. минута Мерино погоди за 3-0.

Пред крајот на првото полувреме Ланг го намали резултатот на 3-1 и се чинеше дека домаќините се вратија во игра, но не беше така.

По само две минути игра во вториот дел Одегард даде гол за 4-1, а веќе во следниот напад Тросар погоди за 5-1.

Но тоа не му беше доволно на Арсенал, лондонскиот тим продолжи да ја полни мрежата на ПСВ.

Во 73. минута Одегард даде нов гол, овојпат за 6-1, а точка на мечот стави Калафиори со погодок на пет минути до крајот на натпреварот за конечни 7-1.

Немаше победник на дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Лил кој заврши 1-1.

Адејеми во 22. минута донесе водство за Дортнмуд, Харалдсон во 68. минута погоди за Лил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ