недела, 27 октомври 2024

Арсенал му даде пет гола на Барнли, Тотнем загуби од Вулвс (ВИДЕО)

Арсенал со убедливи 5-0 победи на гостувањето кај Барнли, непријатен пораз доживеа Тотнем кој на свој терен загуби од Вулвс со 2-1.

Објавено на

часот

Сподели

По победата од 6-0 над Вест Хем во минатото коло, Арсенал славеше уште еден моќен триумф, овојпат со 5-0 победи кај Барнли.

Сака беше стрелец на два гола, по еднаш погодија Одегард, Тросар и Хаверц.

Тотнем загуби на свој терен од Вулвс. Гомеш ги даде двата гола за гостите, Кулушевски погоди за спарс.

Њукасл во судиското продолжение се спаси од пораз во дуелот со Борнмут. Мечот заврши 2-2.

Гостите на двапати имаа водство со голови на Соланке и Семењо, Њукасл израмнуваше со погодоци на Гордон и Ричи.

Астон Вила со два гола на Воткинс погоди кај Фулам со 2-1. Нотингем Форест со 2-0 беше подобар од Вест Хем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ