четврток, 30 мај 2024
Премиерлига

Арсенал ја забележа највисоката победа против Челси и со 5-0 го понижи градскиот ривал (ВИДЕО)

Арсенал го доби лондонското дерби против Челсо со убедливи 5-0, момците на Артета се одлепија на +3 на врвот на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

„Топчиите“ ја забележаа највисоката победа во пресметките со Челси и ривалството кое трае 117 години, вечерва ги понижија „сините“ со 5-0.

Тросар донесе рано водство и реализираше за 1-0 веќе во 4. минута, резултат кој остана до полувремето, и покрај тоа што двете екипи имаа убави шанси за постигнување нов гол.

Сепак, на стартот од вториот дел Вајт погоди за 2-0, а пет минути подоцна, Хаверц ја затресе мрежата за 3-0. Германецот во 65. минута повторно го матираше својот поранешен клуб за 4-0, а Вајт со својот втор гол во 70. минута ги дотолчи гостите.

Со овој триумф, Арсенал сега има +3 на врвот на табелата и мирно ќе ги чека исходите на натпреварите на Ливерпул и Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ