„Топчиите“ ја забележаа највисоката победа во пресметките со Челси и ривалството кое трае 117 години, вечерва ги понижија „сините“ со 5-0.
Тросар донесе рано водство и реализираше за 1-0 веќе во 4. минута, резултат кој остана до полувремето, и покрај тоа што двете екипи имаа убави шанси за постигнување нов гол.
Сепак, на стартот од вториот дел Вајт погоди за 2-0, а пет минути подоцна, Хаверц ја затресе мрежата за 3-0. Германецот во 65. минута повторно го матираше својот поранешен клуб за 4-0, а Вајт со својот втор гол во 70. минута ги дотолчи гостите.
Со овој триумф, Арсенал сега има +3 на врвот на табелата и мирно ќе ги чека исходите на натпреварите на Ливерпул и Манчестер Сити.