сабота, 27 јули 2024

Арсенал и Вест Хем конечно ги договорија сите детали за трансферот на Деклан Рајс

Објавено на

часот

Сподели

Кога Арсенал понуди 105 милиони фунти за Деклан Рајс со вклучени бонуси, Манчестер Сити се откажа од трката, па топчиите почнаа да ги финализираат преговорите за заклучување на трансферот.

Се разговараше за структурата на бонусите и ратите за плаќање. Доцна синоќа беа договорени сите детали и трансферот наскоро ќе биде комплетиран.

Арсенал ќе плати 100 милиони фунти плус 5 милиони фунти во бонуси. Тој е најскапото засилување во историјата на Арсенал, но и најскапиот англиски фудбалер.

Сега фудбалерот треба да ги помине медицинските тестови, да стави потпис на договорот по што трансферот и официјално ќе биде објавен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ