понеделник, 23 септември 2024
Премиерлига

Арсенал храбро се бранеше со играч помалку, Сити во 98. минута стигна до бод (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Арсенал одиграа возбудливи 2-2, гостите со играч помалку храбро се бранеа цело второ полувреме но капитулираа во последните мигови, Стоунс во 98. минута им донесе бод на домаќините.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал беше блиску до прва победа на „Етихад“ по 9 години, но избраниците на Артета не издржаа до крај.

Халанд го отвори резултатот 9. минута и најави возбудливо дерби, а Арсенал одговори преку Калафиори, кој во 22. минута прекрасно погоди од далечина за 1-1.

Во првата минута од судиското надоплнување на првиот дел, Арсенал одлично одработи еден корнер и Габриел со глава ја затресе мрежата за 1-2.

Сепак во 45+8, Тросар направи еден непромислен потег, ја шутна топката по свирежот на судијата, доби втор жолт картон и беше исклучен.

Па во вториот дел се играше само пред голот на Арсенал, момците на Гвардиола има над 90% посед на топка, креираа неколку шанси, но никако не успеваа да го матираат Раја.

И кога се чекаше последниот свиреж, Манчестер Сити брзо изведе еден корнер по кој Стоунс најдобро се снајде и изедначи на 2-2 во 98. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ