недела, 27 октомври 2024
Премиерлига

Арсенал го совлада Брајтон и се искачи на врвот, Астон Вила испиша историја (ВИДЕО)

Арсенал славеше со 2-0 против Брајтон и се искачи на врвот на табелата, Астон Вила триумфираше со 1-2 на гостувањето кај Брентфорд и испиша историја, за прв пат забележа 25 победи во Премиерлигата во една календарска година.

Објавено на

часот

Сподели

По поразот во минатото коло, Арсенал веднаш им се врати на победите, попладнево на „Емирати“ го совлада Брајтон со 2-0.

Натпреварот беше решен во второто полувреме, Габриел Жесус го отвори резултатот во 53. минута, а Хаверц ги постави конечните 2-0 во 87. минута.

Со овие три бода, Арсенал се врати на врвот на табелата.

Астон Вила продолжува со одличните партии, со 1-2 славеше на гостувањето кај Брентфорд и испиша историја.

Луис Потер во последните мигови од првиот дел донесе предност од 1-0 за домаќините, но во второто полувреме, Ми доби црвен картон и гостите знаеа како да го искористат тоа.

Морено донесе 1-1 во 77. минута, а Воткинс во 85. минута погоди за 1-2 и комплетен пресврт.

Со овој успех, избраниците на Емери стигнаа до 25 победи во Премиерлигата во 2023, најмногу во една календарска година во нивната историја.

На последниот натпревар од 15 часот, Вест Хем со 3-0 го совлада Вулверхемптон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ