сабота, 19 октомври 2024

Арсенал го потврди трансферот на Деклан Рајс за рекордна сума

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал соопшти дека го комплетира трансферот на Деклан Рајс од Вест Хем за рекордни 105 милиони фунти. 

Тој е најскап трансфер меѓу два англиски клуба, а најскап во Премиерлигата и понатаму Енцо Фернандез кој Челси го купи од Бенфика за 106,8 милиони фунти.

Рајс стави потпис на петгодишен договор со Арсенал со трајност до 2028 година со опција за уште една дополнителна сезона.

Тој ќе го носи дресот со број 41.

Со овој трансфер Арсенал веќе потроши 208 милиони фунти во овој преоден рок, откако претходно ги купи Каи Хаверц за 65 милиони фунти од Челси и Џуриен Тимбер од Ајакс за 38 милиони фунти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ