Топчиите дојдоа до лесна победа над Шефилд јунајтед, постигнаа пет гола и запишаа нови три бода.
Првите три погодоци од мечот беа дело на Нкетија, еден во првото и два во второто полувреме.
Во самиот финиш од мечот погодија и Виеира од пенал и Томијасу за конечни 5-0.
Барнли имаше водство од 1-0 на гостувањето кај Борнмут, но домаќинот постигна два гола и победи со 2-1.