Ливерпул до овој момент нема донесено ниту едно засилување, но и покрај тоа одлично ја стартуваше новата сезона.
По победата над Ипсвич во првото коло, попладнево „црвените“ рутински славеа против Брентфорд.
Резултатот беше отворен во 13. минута, по една брза контра, Диаз биеше неодбранливо за 1-0.
Дилемите околу победникот беа решени во 70. минута, Салах беше уфрлен во фор и убаво пласираше за 2-0.
Со овој триумф, Арне Слот испиша историја и стана првиот тренер на Ливерпул кој остварил две победи на двата воведни натпревари во Премиерлигата.