Веќе се случија неколку рунди преговори меѓу Слот и Ливерпул, оценети се како позитивни, Холанѓанецот сака да се пресели во Премиерлигата, останува да се прецизираат уште неколку детали по што двете страни ќе си подадат рака.
Во меѓувреме Ливерпул води преговори со Феенорд за висината на обесштетувањето кое ќе треба да го плати за да го добие Слот.