сабота, 27 јули 2024

Арнаутовиќ во финишот му донесе победа на Интер против Атлетико (ВИДЕО)

Интер има предност од 1-0 против Атлетико Мадрид по првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите, ПСВ и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

Погледите на најголемиот дел од фудбалските фанови денеска беа насочени кон Милано каде се играше дербито меѓу Интер и Атлетико Мадрид.

Нероазурите ја искористија предноста на домашен терен и со победа од 1-0 ќе патуваат во Мадрид.

Навивачите на гол чекаа до 79. минута кога Арнаутовиќ помалку среќно постигна погодок за водство на Интер од 1-0, што беше и конечен резултат.

Мечот меѓу ПСВ Ајндховен и Борусија Дортмунд заврши 1-1.

Германскиот клуб имаше водство со гол на Мален од 24. минута, а по десет минути игра во вториот дел Де Јонг реализираше од пенал за 1-1.

Утре на програмата се дуелите Наполи – Барселона и Порто – Арсенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ