Погледите на најголемиот дел од фудбалските фанови денеска беа насочени кон Милано каде се играше дербито меѓу Интер и Атлетико Мадрид.
Нероазурите ја искористија предноста на домашен терен и со победа од 1-0 ќе патуваат во Мадрид.
Навивачите на гол чекаа до 79. минута кога Арнаутовиќ помалку среќно постигна погодок за водство на Интер од 1-0, што беше и конечен резултат.
Мечот меѓу ПСВ Ајндховен и Борусија Дортмунд заврши 1-1.
Германскиот клуб имаше водство со гол на Мален од 24. минута, а по десет минути игра во вториот дел Де Јонг реализираше од пенал за 1-1.
Утре на програмата се дуелите Наполи – Барселона и Порто – Арсенал.