сабота, 27 јули 2024

Армијата ќе вработи 300 нови професионални војници

Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на огласот. Младите кои се заинтересирани да се пријават треба да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Фото: АРМ

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за одбрана, платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000 денари, со дополнителни над 10.000 денари за станбено обезбедување.

Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.

Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ