сабота, 27 јули 2024
Годишен брифинг на воениот врв со врховниот командант

Армијата ги изврши сите планирани задачи, му кажа генералот Ѓурчиновски на претседателот Пендаровски

Борбената готовност на Армијата е на потребното ниво кое овозможува успешно извршување на задачите, а во тековната година успешно се реализирани сите планирани задачи, му кажа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски на врјховниот командант, претседателот Стево Пендаровски на брифингот за борбената готовност кој е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот.

Објавено на

часот

Сподели

Пред воениот врв се презентирани реализираните задачи и достигнувања на Армијата во 2023 година, при што се опфатени состојбата и степенот на реализација во областите на персоналниот менаџмент, обуката и вежбите, операциите во земјата и странство, опремата и инфраструктурата, военото планирање и структура на сили, модернизацијата, буџетирање и финансирање, како и клучните задачи кои претстојат во следната 2024 година, се вели во соопштението од брифингот.

Во заклучокот од страна на генералот Ѓурчиновски е констатирано дека борбената готовност на Армијата е на потребното ниво кое овозможува успешно извршување на задачите и дека во тековната година успешно се реализирани сите планирани задачи. Притоа е истакнато дека командите и единиците на Армијата навремено и професионално ги реализираа сите планирани активности во изведување на обуката според стандардите на НАТО, како и дека процесот на трансформација и модернизација и учеството во операциите во странство се спроведуваат со планираната динамика.

Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски истакна дека и во 2023 година припадниците на Армијата ја докажаа својата професионалност, посветеност и подготвеност. Тој истакна дека Армијата одговорно ги извршува обврските кои произлегуваат од членството во НАТО, соработката со телата и комитетите во рамки на НАТО и другите армии и го истакна своето очекување дека опремувањето и модернизацијата на Армијата ќе продолжи и во следните години.

Претседателот Пендаровски ги реафирмираше своите заложби за натамошно подигнување и одржување на квалитетен стандард и услови за работа и служба на сите припадници на Армијата и за достигнување на зацртаната цел – два отсто од БДП да се одвојува за одбраната“, е наведено во соопштението.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска порачала дека и во 2024 година ќе продолжи стабилното инвестирање во одбраната и во Армијата. Следната година, рече Петровска, Македонија со 2% од БДП одвоени за одбрана и една третина од овие средства за модернизација, ќе ги исполни двата критериуми кои беа заеднички усвоени на Самитот на НАТО во Вилнус.

д

„Добивме исклучително позитивни оценки за нашето учество во мировните мисии и во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, што е потврда за нашиот придонес кон регионалната и колективната безбедност“, кажала министерката.

Петровска се осврнала и на континуираното унапредување на статусот на припадниците на Армијата и вработените во одбраната. „Новиот Закон за вработените во одбраната е во собраниска процедура а новиот Колективен договор ќе се донесе во најбрз можен рок“, нагласила  Петровска.

Армијата во текот на 2023 година со околу 700 свои припадници учествуваше на повеќе меѓународни вежби во земјата и во странство меѓу кои како домаќин на вежбата „Брз одговор 23“, која се изведуваше на полигонот Криволак и на која учествуваа околу 1.850 припадници на армиите на четири НАТО земји.

Во меѓународните операции, како што е наведено понатаму, Армијата годинава учествуваше во операциите на НАТО „КФОР“ во Косово, „Зајакнато истурено присуство“ во Летонија и т.н. „Активности на зголемена будност“во Бугарија и Романија, мисијата на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, мисијата на ОН – „УНИФИЛ“ во Либан со учество на штабни офицери, каде учеството е зголемено на два пешадиски вода и штабни старешини. Учеството со персонал во текот на годината се движело околу 170 наши припадници кои ротираа на шест месеци.

д

„Армијата во текот на годината ја покажа и својата солидарност со НАТО сојузниците со ангажирање на свои припадници во справување со последиците од природни катастрофи. Покрај учеството на 60 наши припадници во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните од катастрофалниот земјотрес во Република Турција, 100 припадници на Армијата учествуваа во справувањето со последиците од поплавите во Словенија.

Согласно планот на модернизација и опремување на Армијата во текот на месец јуни во состав на Армијата влегоа уште 32 лесни оклопни возила од типот JLTV, а набавката на сите средства и останата опрема се одвива според планираната динамика“, се вели на крајот од соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ