недела, 27 октомври 2024

АРМ ги промовираше новите лесни оклопни возила ЈЛТВ

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека по шест возила од овој тип испорачани минатата годна, оваа година добивме уште 26, кои веќе се ставени во употреба и припадниците на армијата соодветно се обучуваат за нивно користење.

„Во текот на наредниот период ќе следува испорака на уште вакви возила, се со цел да се комплетира и да се опреми со соодветно вооружување и опрема Лесната пешадиска бригада, која што всушност е наша НАТО декларирана цел“, истакна Петровска.

Таа забележа дека не може да имаме силна Армија ако има само опрема и вооружување, а без притоа да се обрне внимание и на човечкиот потенцијал.

„Како што напомнав во претстојниот период ќе следи повторно отворање на Законот за служба во Армијата. Минатата година јавноста беше информирана за сериозни исчекорувања и подобрување на тој закон“, рече Петревска.

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер истакна дека ова е многу важен ден, посочувајќи дека  возилата  ќе бидат од голема корист за зголемување на интероперабилноста во рамките на НАТО. Таа додаде дека ова е навистина добар чекор во правец на понатамошниот процес на модернизација на армијата.   

„Би сакала да истакнам дека имаме навистина прекрасни партнерства тука во Северна Македонија со претставници од Владата, министерката за одбрана и други претставници во земјата со коишто имаме навистина одлични односи и ние ќе продолжиме со нашите заложби да обезбедуваме секаков вид на помош за ова партнерство и соработка да продолжат понатаму“, рече Агелер.

На презентацијата на новите оклопни возила, на која се обрати и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, присуствуваа и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

По настанот беше организирана кратка показна вежба со најновите и најсофистицирани оклопни возила на Армијата. Тие се дел од процесот на модернизација и опремување на Армијата со различни високософистицирани возила и опрема. Досега, во два наврати во земјава пристигнаа вкупно 32 возила од овој тип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ