недела, 27 октомври 2024

Арлинда Шахиновиќ како член на Комисијата за помилување држела функција и во ФФМ

Арлинда Кадри Шахиновиќ, член на Комисијата за помилување, која ја тресе голем скандал во изминативе неколку дена, била ангажирана и во Фудбалската федерација на Македонија, јави Нетпрес.мк. Членовите на Комисијата вчера поднесоа оставки по реакциите во јавноста за нивното прво решение откако се формирани за помилување.

Објавено на

часот

Сподели

Нетпрес дознава дека Кадри Шахиновиќ, своевремено, добила ангажман во ФФМ наводно лично од претседателот Муамед Сејдини. Според засега непотврдени информации, нејзиниот хонорар изнесувал 30.000 денари месечно. Извори на Нетпрес велат дека Арлинда Кадри Шахиновиќ не била изгласана на Управен одбор на ФФМ, туку Сејдини тоа го направил со одлука на Комитетот за итност. Таа ја извршувала функцијата претседавач на Комисијата за жалби во ФФМ.

Во исто време, додека имала ангажман во ФФМ, Арлинда Кадри Шахиновиќ била избрана и за професор на приватниот МИТ Универзитет.

Претходно, пак, Арлинда Кадри Шахиновиќ предавала на Факултетот за правни и политички науки на ФОН.

Вчера професорот Гордан Калајџиев, кој беше претседател на Комисијата за помилување, објави дека тој и сите членови поднеле колективна оставка.

Во изминативе денови одлуката за помилување на неколку лица предизвика бурни реакции во јавноста, откако се дозна дека едно од помилуваните лице бил припадник на нарко кланот Барон од скопско Арачиново.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ