сабота, 27 јули 2024

Арктички леден бран ја погоди Британија, температурите ноќта се спуштија до -13 степени

Температурите во Шкотска во текот на ноќта паднаа до -13 Целзиусови степени, додека бранови арктички воздух продолжуваат да се движат низ Велика Британија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поради овие температури, метеоролозите најавија дека изминатата ноќ можеби е најстудената јануарска ноќ во последните 14 години, јавува Би-би-си.

Отежнатите услови и големите снежни врнежи веќе доведоа до затворање на училиштата во Шкотска и северна Англија и предизвикаа прекини во патувањето. Жолти предупредувања за мраз и снег се во сила во сите четири земји во Кралството, додека Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија претходно издаде предупредување за студено време за Англија, што значи дека се очекува Националната здравствена служба (НХС) да биде под дополнителен притисок и дека постарите лица може да бидат повеќе изложени на ризик.

Нешто поблаги температури се очекуваат кон крајот на неделата, пред евентуално невреме викендов. Повеќе од 40 сантиметри снег би можеле да се забележат на високите места во северозападна Шкотска до петок, бидејќи зимското време продолжува, прогнозира Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство. По топењето на снегот и очекуваниот дожд викендов, метеорологот на Би-би-си Крис Фокс предупреди на можни поплави во Шкотска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ