вторник, 18 март 2025

Археолозите во Египет открија кралска гробница стара повеќе од 3.500 години

Египет е богат со артефакти од времето на старите Египќани и други значајни историски периоди.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Египетското Министерство за туризам и антиквитети објави дека е пронајдена кралска гробница стара 3.500 години, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се наведува дека заедничкиот египетско-американски археолошки тим од Универзитетот во Пенсилванија открил кралска гробница од вториот среден период во некрополата Џебел Анубис во Абидос, јужен Египет.

Тимот, исто така, објави дека открил грнчарска работилница од римската ера во блиското село Банавит, исто така во јужен Египет.

Тие истакнуваат дека откривањето на кралската гробница во Абидос дава нови научни докази за развојот на кралските погребувања во некрополата Џебел Анубис, каде што гробниците датираат помеѓу 1700 и 1600 година п.н.е.

Во соопштението се наведува дека грнчарската работилница во Банавит била еден од најголемите производствени центри кои го снабдувале просторот со керамика и стакло во античко време.

Египет од време на време објавува археолошки откритија, бидејќи неговата територија е богата со артефакти од времето на античките Египќани и други значајни историски периоди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ