среда, 30 октомври 2024
Пожарите од поинаков агол

Аргентински, чилеански, австралиски воздухоплови ги гасат пожарите во Македонија

Благодарение на програмата рескЕУ во оваа сезона на пожари, Македонија беше домаќин на најегзотичните можни регистрации на летови, пишува српскиот портал ТангоСикс во својата денешна анализа и открива дека пожарите во земмјава ги гасат меѓу другите и воздухоплови регистрирани во Аргентина, Чиле, Австралија…

Објавено на

часот

Сподели

Првиот бран на шумски пожари во Македонија се случија помеѓу 11 и 24 јули. Дождот што наврна на 25 јули, беше надеж дека пожарите ќе бидат згаснати. Но на 30 јули Владата беше принудена повторно да повика меѓународна помош во авиони за гаснење пожари.

Во анализата се наведува дека Македонија сама се потпира на само три авиони ер трактор АТ-802А фајрбос и четири хеликоптери, еден бел 412ЕП, еден ми-171Е и два ми-8МТ/17.

Бидејќи локалните капацитети за гаснење од воздух не се доволни, македонската Влада на 30 јули годинава објави нов повик за меѓународна помош за гаснење пожари од воздух.

Како одговор на македонскиот апел за помош, на Меѓународниот аеродром Скопје на 1 август почна да пристигнува меѓународна помош предводена од српскиот полициски хеликоптер агуста-бел АБ.212 ЈУ-ХЦД и други авиони.

Во Македонија пристигна и еден сикорски УХ-60А црн јастреб кој го обезбеди Чешка. Се работи за хеликоптер со словачка регистрација (OM-БХБ) кој го користи Словачката академија за обука. Во гасењето на пожарите се приклучија и хеликоптерот АС.532 ал кугар на словенечката армија како и два амфибиски авиони ер трактор АТ-802А фајр бос од Шведска како и два унгарски воени хеликоптери ми-17 и ербас Х225М.

Интересно е што системот рескјЕУ на Европската унија (ЕУ), наведува порталот, обезбеди шест различни ер трактори кои ги надополнија трите АТ-802 во сопственост на македонската Влада.

„Два копнени двоседи AT-802 испратени од Германија, регистрирани во Аргентина и Чиле пристигнаа први на 1 август, а следниот ден им се придружија два амфибиски ер трактори во сопственост на шведската компанија СААБ и тоа едносед AT-802A фајр бос, СЕ-МХОС и двосед AT-802 фајр бос, СЕ-МХП, кои постојано работат според договор со Шведската агенција за цивилни непредвидени ситуации (МСБ)“, пренесува порталот.

Шведските авиони беа заменети со оние од Кипар. Станува збор за два копнени авиони АТ-802 со две седишта, а кои летаат со австралиски регистрации ВХ-ДБК и ВХ-РКР. Станува збор за едни од најстарите AT-802 ер трактори  што летаат во светот денес.

Со други зборови, двата австралиски авиони распоредени во Македонија се навистина историски – авиони стари 28 години кои го обиколија светот и сè уште активно се борат со пожарите. Во Македонија тие оперираа од меѓународните аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи значителна помош за војниците на теренот.

Во написот со наслов „Повторно големи пожари во Македонија, на помош дојдоа ер трактори регистрирани во Јужна Америка“, ТангоСикс пишува дека на 1 август еден аргентински и еден чилеански ер трактор слетале на меѓународниот аеродром Скопје.

„Станува збор за аргентински авион со регистарски број ЛВ-ФББ (број на градба 802 -0462) и ЦЦ-ДЕР регистриран во Чиле (број на градба 802-0854). Двета летала биле ангажирани од шпанската компанија Титан фајрфајтинг компани и моментално работат под договор за владата на германската сојузна покраина Долна Саксонија. Практично, нивното сместување во Македонија претставува германска помош за Македонија“, пишува порталот.

Според податоците на порталот, трите амфибиски авиони ер трактор АТ-802 фајр бос со кои располага Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) поминале вкупно 208 часа и 45 минути лет во операции за гаснење пожари во текот на 19 интензивни оперативни денови во јули, од 12 до 31 јули. Воздухопловната единица на ДЗС оперирала со тројца пилоти и поддржана од шест механичари. Оваа македоснка екипа успеала да „нападне“ шумски пожари во 498 наврати, испуштајќи 1.245.000 литри вода на пожарите што горат низ цела Македонија.

Според овој српски портал досега во пожарите изгорени се 1,12 отсто од територијата на Македонија.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ